Најдобриот фудбалер за 2014 година Португалецот Кристијано Роналдо се заќити со уште едно признание, најдобар стрелец за минатата сезона и со тоа ја доби четвратата „златна копачка“ во неговата карирера.
Тој постигна 48 гола на 35 натпревари во Примера дивизија и сосема заслужено беше прогласен за најдобар стрелец.
– За мене е навистина драгоцено што повторно го добивам ова признание. Ова е заслуга и на сите мои соиграчи, затоа што е тешко да се постигнат толку голови ако ги немате нив. Немам ништо против и следната година повторно да се видиме на ова место – истакна Кристијано Роналдо.
Португалецот едно од овие признанија го освои во дресот на Манчестер јунајтед, а три во дресот на Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)