Хрватска сака да набави моќно оружје, кое целосно ќе ја промени воената рамнотежа во регионот, објави „Јутарњи лист“.
Весникот прецизира дека Министерството за одбрана упатило барање до Пентагон за донирање 16 самоодни повеќецевни лансирни ракети од своите воени вишоци.
САД според весникот, тоа оружје би го донирале со програмата за помош на сојузнички држави, а ако донацијата ја одобри Конгресот. Хрватска тоа оружје би го добила бесплатно додека ракетите би морала да ги купува.
Лансерите се со ракети од 240 милиметри. а посебност на тој систем е што може да испукува балистички ракети. Министерството за одбрана би набавило неколку балистички ракети со дострел од 300 киломери, а тоа веќе би ја променило во целост геостратешката слика и воена рамнотежа во регионот.
Само една балистичка ракета од тој тип чини околу два милиона долари. Освен балистички ракети, планирано е купување на поголем број ракети 240 милиметри, кои се основни за тој ракетен систем. Тие имаат дострел од 40 километри.
Според плановите, новиот ракетен систем би бил во функција од 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.