| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто генијалците секогаш носат иста облека?

Некои од светски познатите генијалци одлучиле да си го олеснат животот така што никогаш нема да си го постават она познато прашање „Што ќе облечам денес?“.

Гризнатото јаболко не е заштитен знак на Стив Џобс, туку фармерките и црната ролка.

genij

Изумителот на електричното возило на две тркала „Segway“, Дин Камен , вели дека отсекогаш носи деловна униформа. За него униформа се тексас кошула и фармерки, а тврди дека постојано е во своето работно одело бидејќи не е на работа само кога спие.

Филмскиот режисер Кристофер Нолан уште одамна одлучил дека црното сако, светлата кошула и елекот најдобро му прилегаат.

Основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Закерберг, познат е по својата сива маичка која многу мажи ја носат како пижама за спиење. Со оглед на тоа што минатата година изјавил дека донесувањето на одлуки го свел на минимум, очигледно дека прашањето со облекувањето прво го жртвувал.

Сивиот костум со елек, белата кошула и раскошната кравата била добитна комбинација за еден од најголемите генијалци на сите времиња – Алберт Ајнштајн.

Пејачот Хенри Ролинс во една прилика изјавил: „Што повеќе време поминувам прашувајќи се што да облечам, толку помалку време ми останува силно да го зграбам животот ! Црната маичка и црните панталони се негов секојдневен избор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top