-Преку 710 илјади емигранти илегално влегоа во Европската унија меѓу 1 јануари и 30 септември оваа година- соопшти денеска Европската агенција за контрола на границите – Фронтекс.
Минатата година границите на ЕУ незаконски ги минале 282 илјади емигранти.
Најголемиот емигрантски бран минува преку грчките острови во Егејското Море. Вкупно 350 илјади емигранти пристигнале во Грција во првите девет месеци од годинава. Само минатиот месец во Грција пристигнале 49 илјади лица, од кои најголемиот број се Сиријци.
Недостигот на бродови во Либија и влошувањето на временските услови минатиот месец го намалиле за половина бројот на емигрантите, кои пристигнуваат преку Средоземното Море во Италија.
Во септември таа бројка паднала на 12 илјади, а во првите девет месеци од годината во Италија пристигнале вкупно 129 илјади лица, од кои поголемиот дел се од Еритреја.
Претходно денеска, Меѓународната организација за емиграција (ИОМ) соопшти дека од почетокот на годината во Европа преку Средоземното Море влегле 593.432 имигранти и бегалци. Според ИОМ, најмногу имигранти и бегалци примила Грција – 453.912, а во Италија пристигнале 136.408.
Според ИОМ, чие седиште е во Женева, преку 3.100 лица се удавиле во Средоземното Море оваа година, обидувајќи се да стигнат до бреговите на Европа. Деведесет отсто од нив загинале по морската маршрута меѓу Либија и Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)