| четврток, 6 декември 2018 |

Спасов: Се реконструираат 42 објекта за социјална работа

диме

Во рамки на проектот „Договори за работа како поддршка за процесот за унапредување на активностите и на услугите на Агенцијата за вработување на Република Македонија“ финансиран од програмата на ИПА на Европската унија, денеска во Виница министерот за труд и за социјална политика Диме Спасов, директорот на агенцијата за вработување  Влатко Поповски и преставникот на делегацијата на ЕУ во Македонија Мауро Ди Вероли направија обиколка на Центарот за вработување кој се реновира и на Центарот за дневен престој на децата.
– Со средства од програмата на ИПА на ЕУ го промовираме почетокот на третата фаза од целосната реконструкција на центрите за вработување и за социјална работа во Македонија. Преку овој проект со финансиски средства од 20 милиони евра ќе бидат реновирани 42 објекти што се под МТСП, од кои 18 центри за социјална работа,12 дневни центри и 12 центри за вработување – истакна Спасов.
Овие центри, посочи тој,  се постари од 40 години и тие требаше што поскоро да бидат реновирани за да дадат услуги по европски стандаради. Планирано е во 2016 година центрите целосно да бидат завршени и предадени во употреба.
– Во источна Македонија ќе се реновираат центрите за вработување во Делчево, Виница и во Кочани – истакна Спасов.
Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски истакна дека во Македонија со овој проект ќе се реновираат 12 центри,  како и Центарот за вработување во Кратово за кој средства се обезбедени од други извори…
– Наредната 2016 година почнуваме со нов оперативен план за вработување за сите предложени мерки во соработка со Владата на РМ. Инаку, најмногу интерес има за мерките за самовработување, за субвенционирање при врабортувањето, како и за практиканство – истакна Поповски.
Раководителот на Центарот за вработување од Виница Орце Христовски, истакна дека на списокот во Виница има 710 невработени лица. Преку проектот „Македонија вработува“ досега во Виница се вработени 68 лица, со самовработување потпишани 10 договори, а по пат на субвенционирање при вработувањето 13 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top