| четврток, 6 декември 2018 |

Веќе нема да има голи жени во „Плејбој“

„Плејбој“ соопшти дека нема повеќе да објавува фотографии од голи жени.

Списанието кое трае веќе подолго од половина век и популарноста ја стекна со фотографиите од голите убавици, ќе престане да објавува такви фотографии, изјави главниот уредник на содржина, Кори Џонс.

 

„Денес секој замислив и незамислив сексуален чин се наоѓа на само еден ‘клик’ од вас. Со самото тоа, објавувањето на голи фотографии е pase. Се надевам дека никој нема да ме сфати погрешно, дванаесетгодишниот јас е длабоко разочаран од оваа одлука на возрасниот јас, но тоа е вистинскиот потег во овој момент“, изјави тој за Њујорк тајмс“.

Овој историски предлог на Кори Џонс го усвои, по долго размислување, основачот Хју Хефнер, пишува британскиот весник „Метро“.

 

Кога Хефнер во 1953 година го започна списанието, идејата беше тоа да привлекува мажи од 18 до 80 години, и да биде “мерило на сетилата, вкусовите, политичката, сексуалната и економската слобода”.

Џонс сега изјави дека списанието сака да привлече нова публика, и да биде подостапно на сите по изборот на теми и содржина.

 

Главните промени во “ребрендирањето” на списанието ќе биде пишувањето повеќе за уметноста, повеќе аналитички текстови за различни алкохолни пијалоци и колумна за секс која ќе ја пишува “позитивен женски пример”.

И во Македонија во еден период беше издавана македонска верзија на познатото списание. Кои девојки ја имаа храброста да се соблечат, погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top