Алеира Авендано од Венецуела е вистински пример за љубов кон корсетите. Таа носи корсети 23 часа на ден и таа навика не ја менува шест години. Нејзината цел која конечно ѝ се исполнила, е да добие обем на половината од 50 сантиметри.
„Целосно сум опседната со корсети, дури и спијам во нив. Го сакам тоа чувство на притисок и го соблекувам само на еден час за да се одморам и да можам да се избањам“, кажала Алеира која корсетот го нарекува нејзина втора кожа.
Иако лекарите постојано ја предупредуваат за опасностите од носење корсет, Алеира не се откажува од него.
Освен носење корсет, Алеира до саканата половина доаѓа и со ригорозна диета сѐ со цел да го одржи конечно посакуваниот обем од 50 сантиметри.
„Јадам мали порции јајца, малку месо, ананас и останато овошје. Правам стомачни и дигам тегови“, вели оваа девојка.
Со нејзиниот изглед привлекува големо внимание, а често добива и навредливи коментари, како оние дека личи на вонземјанин. Алеир обожува и пластични операции, трипати ги оперирала градите, направила липосукција и редовно користи ботокс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)