Вистинска жетва од медали и тоа златни имаше пливачката експедиција на македонскиот клуб Орион на петтиот Меѓународен пливачки митинг „Лесковачки победник 2015“ во Србија.
Нашите таленти освоија дури 21 медал, од нив девет златни.
Најмногу освоија Петровски Давор во генерацијата пливачи родени 1999/00 и тоа два златни и еден бронзен медал, Антониј Симоновски во категоријата 2001/02 освои два златни и еден сребрен медал, Филип Дерковски во категоријата 1999/00 заврши со еден златен, еден сребрен и еден бронзен медал, Миа Крстевска во категоријата 2001/02 со два златни и еден сребрен медал, Марта Целиковска во категорија 1999/01 со еден сребрен и два бронзени, Јана Серафимовска во категорија 1999/00 заврши со два сребрени и еден бронзен медал и Јована Јовановик во категоријата 2005 освои еден бронзен медал.
На митингот настапија вкупно 293 пливачи од четири држави, Македонија, Бугарија,Србија и Црна Гора, а во конкуренција на 25 клуба, ПК Орион на крајот заврши на 4. место во генералниот пласман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.