| четврток, 6 декември 2018 |

Алкалоид има дрим-тим, „фармацевтите“ се засилија со кинеското шаховско чудо Јангји

sah

Шаховскиот клуб Алкалоид направи моќен тим за настапот на Европскиот клупски куп што ќе се игра во Скопје од 17 до 25 октомври, а последно засилување за „фармацевтите“ е кинеското чудо Ју Јангји. Тој е најмладиот шахист во составот на Алкалоид, има 21 години и е рангиран на 30. позиција на светската ранг-листа.

Јангји е поранешен светски јуниорски шампион, а квалитетот го потврди со две злата со кинеската репрезентација. Во Тромсо, Норвешка, лани на Олимпијадата Кина стаса до првото место, а Ју беше брилијантен со 9,5 поени од 11 партии.

Годинава на Светскиот екипен шампионат Ју повторно беше дел од кинеската селекција што го освои златниот медал.

Покрај него за Алкалоид ќе играат и петмина велемајстори од топ-50 на светската ранг-листа предводени од Василиј Иванчук, потоа и Евгениј Томашевски, Дмитриј Јаковенко, Дмитриј Андрејкин и Јури Криворучко. Во тимот ќе бидат и нашите шахисти Трајко Недев и Филип Панчевски.

Алкалоид е рангиран како петта екипа според силата на играчите кои ги има, а амбициите се атак на медал на ЕКК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top