| четврток, 6 декември 2018 |

Сензација од Минхен, Баерн се договорил со Анчелоти!?

Трофејниот ителијански тренер Карло Анчелоти, по завршувањето на одисејата во Реал Мадрид во јуни се одлучи да земе пауза од фудбалските терени и да одмори една година.
Поранешниот тренер на Милан, Реал Мадрид, Челси, ПСЖ се очекува да го наследи Пеп Гвардиола на клупата на Баерн Минхен по завршувањето на оваа сезона, ова го соопшти утринава Калчомеркатовеб.
Според овој реномиран портал, челниците на Баерн Минхен се сретнале со Анчелоти овој викенд и веќе постигнале согласност со Италијанецот да потпишат двегодишен договор.
Еден од најтрофејните тренери во светот, ќе има можност да дојде до четврата титула во Лигата на шампионите, а на колекцијата трофеи да го додаде и пехарот од домашниот шампионат на Германија. Претходно Анчелоти освојуваше титули во националните првенства на Италија, Англија и Франција.
По најавите за заминување на Гвардиола од клупата на баварците на крајот од оваа сезона, Баерн Минхен посакува до дојде до тренерско име со големо искуство. На таа страна оди и неговото одбивање да го продолжи договорот со Баерн откако претходните две сезони ја освојуваше титулата во Бундеслигата, а на пат е да ја освои и третата по перфектниот старт.

Засега, нема официјална потврда на договорот ниту од Баерн, ниту од Анчелоти, но јасно е дека германскиот првак во следниот период ќе изврши притисок врз Гвардиола да ги објави плановите за својата иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top