| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку четворица загинати во рударска несреќа во БиХ

Најмалку четворица рудари загинаа, а двајца се повредени во несреќа во рудникот за јаглен Какањ, која се случила за време на третата смена.

rudnik polska2

Несреќата во јамата Бегичи-Биштрани се случила во еден час по полноќ, јави управата на рудникот, пренесува Клих.ба. Меѓу повредените рудари еден е потешко, а друг полесно повреден.

Сите останати рудари безбедно ги напуштиле своите работни места и излегле од јамите, додека увид во местото на несреќата вршат дежурниот кантонски обвинител и Федералната рударска инспекција.

Според првичните неофицијални информации до нереќата дошло по уривање на дел од покривот, откако попуштил горниот дел од рударските простории.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top