| четврток, 6 декември 2018 |

Нападната руската амбасада во Дамаск

195464

Проектили ја погодија руската амбасада во Сирија, јави Интерфакс. Една од ракетите удрила во зградата на дипломатското претставништво на Москва во Дамаск. Сеуште нема податоци за настрадани, но руската агенција наведува дека за време на нападите имало митинг за поддршка на политиката на Кремљ во блискоисточната земја.
На 30 септември 2015 година Русија започна операција во блискоисточната земја. Западот ја обвини Москва дека ударите не се насочени против Исламската држава, туку против умерената опозиција на Асад.
Рускиот претседател Владимир Путин доцна синоќа повторно рече дека неговата земја ја брани легитимната власт во Дамаск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top