Британските универзитети, вклучително и најстариот „Оксфорд“, ги отвора вратите за професорите што бегаат од сириската војна.
Хуманитарната организација Цара – Совет за професори од ризични земји (Council for At-risk Academics – Cara) се обидува да им помогне на научниците да заминат од Сирија. Цара работи со 38 факултети на „Оксфорд“ и со повеќе од 100 други британски универзитети за да им овозможат пристап на научниците што бегаат од војната и бараат нова работа, изјави извршниот директор на организацијата Стивен Вордсварт.
Околу две-третини од 140 студенти од Блискиот Исток, кои бараат помош во Цара во моментот се Сиријци, а поголемиот број од другите се Ирачани. Научниците што пристигнале во Велика Британија не сакаат да им биде откриен идентитетот за да ги заштитат семејствата во татковината.
Научниците што ќе пристигнат во Велика Британија ќе имаат статус на визитинг-професор, а не на бегалци, а нивните трошоци ќе ги поделат универзитетот домаќин и Цара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.