| четврток, 6 декември 2018 |

Американците го убија, но веќе беше предоцна – кој го создаде ИСИС

abuВеројатно името Абу Мусаб ал-Заркави не ви е познато и за тоа постои многу логично објаснување. Глобалниот тероризам, особено од 2001 година, по нападот на кулите-близначки во Њујорк, светот го поврзува исклучив со Осама бин Ладен, додека луѓето околу него останаа во релативна анонимност.

Репутацијата на милитантен исламист Заркави започнал да ја гради во родниот Јордан, а по почетокот на американската инвазија на Ирак своето делување го преселил во таа земја. Бил многу гласен противник на присуството на западните сили на Блискиот Исток, а подоцна дури во редовите на Ал Каеда се истакнувал по неверојатната бруталност.

И додека Западот се занимаваше со Ал Каеда и со Бин Ладен, Заркави во заднина ги градел темелите на организацијата која денеска ја знаеме како Исламска држава.

Од мала фракција од Исламска држава

Во 1999 година Ал Заркави ја основал организацијата ‘Jamāʻat al-Tawḥīd wa-al-Jihād’, a кога во 2004 година му се заколнал на Бин Ладен, организацијата биле преименувана во ‘Tanẓīm Qāʻidat al-Jihād fī Bilād al-Rāfidayn’ или како што сите скратено ја знаат Ирачка ал-Каеда. Во 2006 година таа организација се споила со уште неколку и го формирале Муџахединскиот совет.

Летото истата година, по три години ловење, САД успеваат да го лоцираат и да го убијат Заркави, а есента Советот се споил со уште неколку фракции и така настанала Исламската држава на Ирак. Кога во 2013 година го проширила своето делување и во Сирија, го добива официјалното име по кое е позната и денеска Исламска држава на Ирак и Левант (ИСИЛ), т.е. Исламска држава на Ирак и Сирија (ИСИС).

Во канџите на криминалот уште од мал

Но, да се вратиме на почетокот. Заркави е роден 1966 година под вистинското име Ахмад Фадел ал-Назал ал-Калајлех во сиромашно јорданско семејство кое преживувало во рударското гратче Зарк. Суровата околина уште како мал го фрлила во канџите на криминалот и алкохолизмот.

Кон крајот на 1980 г. им се придружил на муџахедините во Авганистан, кои се бореле против советските трупи. Но, пристигнал на самиот крај на инвазијата. Во 1989 година Советите почнале да се повлекуваат, па Заркави не учествувал во борбите. Наместо тоа, станал репортер за исламистички весник.

Така го запознал и се спријателил со Бин Ладен.

Откако се вратил во Јордан, веднаш почнал да си ја предизвикува судбината. Уште во 1992 година завршил во затвор поради поседување оружје и експлозив. Излегол од затвор во 1999 година со помилување и со уште порадикални уверувања.

Во затвор станал уште порадикален и уште побрутален

Штом почувствувал слобода, почнал да планира терористички напади, а откако неговите планови биле разоткриени, збришал за Пакистан. Од Пакистан повторно заминал во Авганистан, каде што со помош на Бин Ладен собрал пари и отворил камп за обука на милитанти кои пристигнувале од Јордан. Тоа бил почетокот на неговата организација ‘Jamāʻat al-Tawḥīd wa-al-Jihād‘, која наредните години ќе се претвори во исламска држава и ќе сее страв по светот, дури и на запрепастување на некогаш братската Ал каеда.

Кога започна инвазијата на САД на Ирак, Заркави бил на врвот на својата терористичка кариера. Во 2013 година Ирак беше прошаран со терористички напади кои ги организирал токму тој, а не ги поштеди ниту Мароко, Тунис и Јордан. Како муслиман сунит Заркави оркестрирал бомбашки напади на шиитски џамии, цивилни цели, на претставници на ОН, на ирачки институции, на египетската амбасада, на руски дипломати и на католичката црква, на јорданската амбасада… Главно, сфаќате – Заркави бил многу проблематичен дечко.

Заркави е убиен во мај 2006 година, во текот на состанок во „сигурна куќа“, неколку километри од Бакабан. Куќата ја бомбардирале воздушните сили на САД со 230 килограми експлозив. Освен него убиени се уште петмина луѓе, а меѓу нив и неговата сопруга (една од четирите) и нивното дете.

На убиството му претходело шестнеделно набљудување на сигурната куќа, по дојава од високи кругови на ирачката влада и години прибирање информации.

Интересно е дека единствено тој го преживеал самото бомбардирање. Ирачките и американските сили го нашле жив, а умрел по еден час по нападот од повредите што му ги нанел ударот на градите.

Западните лидери уште следниот дена ја прикажаа неговата смрт како уште една победа над Ал каеда и над глобалниот тероризам. Милитантите, пак, го прогласија за маченик и на неговите темели ја изѕидаа застрашувачката Исламска дражва, од која денеска стравува целиот свет.

 

Неговата присутност и присутноста на неговата терористичка организација во Ирак на Американците им послужија како уште едно оправдување за инвазија на Ирак. Во 2004 година тој е ставен на листата на најбарани светски криминалци, а во 2005 година стана најбараниот човек во Ирак и во Јордан. За информации на него САД таа година нудеа неверојатни 25 милиони американски долари, исто колку што нудеа и за Бин Ладен.

 

Преживеа бомба од 230 килограми

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top