Претседателот на САД Барак Обама му понуди неколку совети на раперот Кење Вест, кој ги објави своите планови да се кандидира за претседател во 2020 година.
Обама, потсмешливо му порача на Вест дека како прво, мора многу време да потроши занимавајќи се со чудни ликови, како што се оние од реалити шоу на телевизија и со тоа треба да биде кул.
Советот број два се однесува на албумот на Вест „Прекрасна, мрачна изопачена фантазија“, а Обама му порача дека не може да каже дека нешто такво поседува, бидејќи поради слични изјави многу конгресмени ги загубиле местата, јавува Би-Би-Си.
Обама, исто така праша, алудирајќи на собирот на Вест во Чикаго, дали навистина мисли дека земјата планира да избере афроамериканец од јужно Чикаго со смешно име за претседател на САД.
Тоа е лудо, смета Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите
-
Кој е режисерот, сценаристот и актерите против процедурата, волјата на народот и суверенитетот на Република Македонија
-
Обама се враќа