| четврток, 6 декември 2018 |

Вo тешка сообраќајка загина 24-годишно момче

Николче Мирчески, роден 1991 година од Прилеп го загуби животот во сообраќајна несреќа што изутрината се случи на патот Прилеп – Крушево.

Според портпаролот на СВР Битола, Сања Таматова несреќата се случила изутрината околу 6 часот и 20 минути, кога возилото „Рено меган“ со прилепски регистерски таблички, од засега непознати причини, излетало од патот кај селото Врбјани.

– Возилото е пронајдено во нивите крај патот полни со вода. Момчето починало на лице место, изјави Таматова.

Полицијата и основното јавно обвинителство направија увид на местото на несреќата. Наредено е да се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Според заменик-јавниот обвинител Дамчо Кочоски, на телото на момчето не се пронајдени телесни повреди, автомобилот бил речиси целосно во вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top