| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка кражба на „Ленинова“, украдени 26.000 евра

Во петокот во стан на улицата „Аминта Трети“ (поранешна „Ленинова“) во скопско Дебар Маало, при тешка кражба причинета материјална штета од околу 1.600.000 денари (26.000 евра).

Крадецот влегол во станот на М.С. (1987) преку кровот на адвокатска канцеларија по што го искршил стаклото од балконската врата и по пребарувањето одзел разновиден златен накит (огрлици, нараквици, прстени, обетки, бисери, привезоци, парички, петолирка, двеипол лири, алтани, рачни женски часовници) и 60.500 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top