Заменикот претседател на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, ќе изврши увид на состојбите во поплавените подрачја во Куманово и околината.
Вицепремиерот ќе ја започне посетата околу 12:30 часот, во кумановската населба Јоско Илиевски (циглана). Од обилните врнежи на дожд со кои беше зафатен регионот на Куманово, во текот на изминатото деноноќие, излеани се реките во градот на повеќе места, при што е отежнат сообраќајот, а предизвикана е и материјална штета.
Поплавени се постројките на Автобуската станица, Градскиот стадион, Градскиот парк, неколку подруми, штали и земјоделско земјиште. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на патниот правец од Свети Николе кон Куманово при излезот од с, Доброшане има одрони при што се известени МП Куманово и веднаш е интервенирано.
Одрони имало и на патниот правец Куманово – Крива Паланка, кај селото Страцин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.