Новинарите на “Време” го забележале Стив кога дошол во Белград од Омиш, Хрватска и дека цели 10 години бил најдобриот работник во градот. Впрочем, доколку постоел огромен товар сите знаеле дека тој е вистинскиот човек за пренесување. Меѓутоа, џинот од Омиш попуштил и го изјавил она кое никој не го очекувал “Не можам”.
Сите очекувале дека овој Голијат ќе успее да ја совлада челичната каса тешка 450 килограми, со оглед на фактот дека 10 години наназад успеавал. Но овој пат наместо аплауз следело разочарување. Анте Матекало, новинарот кој меѓу војните бил најдобриот репортет внимателно го следел епилогот на приказната и новиот јунак кој требало да го совлада тешкиот товар го барал меѓу 50те Тетовчаните кои тогаш биле на пристаништето.
-Шпедитерите им велеа на работниците дека не се луѓе, туку животни при тоа обидувајќи се да го најдат јунакот кој може да го симне од тронот силниот Стив. Еден од присутните, тетовчанецот Бајрам Узерировиќ рече дека ќе се обиде. Се доближи до челичната каса додека останатите му велеа дека тоа ќе му биде гробницата. Но, сепак и покрај песимизмот кај публиката, тој успеа да ги пренесе 450те килограми, пишувал Матекало, при тоа додавајќи дека и без ронка двоумење Стив го признал поразот.
-Со денови седеше во кафеаната во близина и лудачки се опиваше. На пристаништето веќе кружеа муабети дека младиот дечко од Тетово го замени Црни, пишал Анте. Оние кои ги вработувале носачите на товар на пристаништата на јавноста и се познати како “сурови господари на душата и телото на носачите”.
-Тие беа сместени на левата страна на Земунскиот мост (на левиот брег на Сава) а оние кои ги ангажираат, односно работодавачите со нив се однесуваа како со робови. Тимот владеа со нивнито тело и душа, пишува Матекало. Младиот дечко од Тетово, Бајрам тогаш имал 27 години. Својата сила ја стекнал во селото Теново близу Тетово, кај извесниот Ислаил. Од 1928 година српските пеливани признале дека тој заслужува пеливанско име.
-Бајрам никогаш не беше победен. Не дозволуваше да го совладаат ниту на југ, ниту овде, ниту пак на Сава. Работеше од утро до мрак, без мака. Како од шала креваше по 380 килограми, а успеваше да се избори и со товар од 400 килограми, изјавил новинарот при тоа не објаснувајќи како Македонецот успевал во сето тоа со оглед на тоа дека денешниот светски рекорд во кревање тегови е значително помал. Ваквата тешка работа барем за некое време ги смести нашиот Бајрам и хрватот Црни во легендите…и тоа како најсилните Балканци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст