Селото Асола-Фатехпур Бери е насилното село во Индија. Веќе со генерации, мажите од ова село напорно вежбаат два пати на ден и се вистински природни бодибилдери.
Од тинејџерите до мажите во 50-тите години, овие атлети секојдневно се потат и тренираат во Акхада, што во превод од хинду јазикот значи тепачка арена.
Таму се борат во калта, се качуваат на јажиња и прават по илјадници стомачни вежби и склекови додека се потпираат на цигли. Исто така, се носат меѓусебно на грбот, што е дел од традиционалниот индиски стил на вежбање, а некои од нив можат да кренат и мотори од по 350 килограми.
“Тие се хранат здраво и вежбаат секојдневно, ете зошто се толку силни”, објаснува Виџај Танвар, главниот тренер на Акхада.
Овие мажи обично наоѓаат работа како исфрлувачи и вратари во Њу Делхи, што е многу барана работа во овој град.
Момците од ова село научиле дека кревањето тегови е начин да останат во форма, како и да заработат за живот.
“Здравјето е богатство. Не само што сме здрави, туку заработуваме и пари и моќеме да ги испраќаме децата во добри училишта и да им овозможиме здраво да се исхрануваат. Што ни треба повеќе во животот”, вели еден од нив, Сону Танвар (19).
Иако постојат модерни теретани во селото, поголемиот дел од нив го преферираат традиционалниот начин на вежбање. На тој начин телото станува пофлексибилно и се намалува ризикот од повреди. Овие момци не пијат и не пушат, а поголемиот дел од нив се вегетаријанци. Главно се исхрануваат со овошје и зеленчук, јогурт и доста млеко.
“Ние не консумираме суплементи”, вели Сону Танвар кој станува секое утро во пет за да оди на трчање.
Танвар е претставник на младата генерација на билдери, а желба му е да стане борач и така да ги направи своите родители горди. За момците од ова село, бодибилдингот не е само стил на живот, туку нешто што го оставаат во аманет на идните генерации.
“Децата се склони на лошо однесување на возраст меѓу 17 и 27 години. Но, ако ги заинтересираме за физичка активност и здрав живот, лошото однесување нема да може да влијае на нив. Претците убаво не научиле. Која мајка не би сакала синот да и биде силен, згоден и паметен дечко”, раскажува Гуру Лекраџ (70) кој поради годините не тренира повеќе, но редовно ги надгледува другите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст