| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СДСМ прави се да ја суспендира дијаспората само затоа што не гласа за нив

Актуелното прашање за тоа дали дијаспората ќе има право на глас на следните избори, Премиерот Груевски го прокоментира како заложување на СДСМ за суспензија на дијаспората.

-СДСМ прави се за да ја суспендира дијаспората, само затоа што не гласа за нив. Тие сакаат по секоја цена да направат дијаспората да не гласа. Тоа е затоа што дијаспората 100% гласаат за нас. Тoа е исто како ние да бараме на она место каде СДСМ добива да бараме да се суспендира. Тоа е основата на проблемот. Луѓето во дијаспората се криви затоа што ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа е исто како јас да побарам онаму каде што СДСМ победува почесто да барам такви услови за тие места да тие луѓе не можат да гласаат, односно нивниот глас да исчезне или да се суспендира гласањето. Еве Заев не’ победил во Струмица и еве сега ние да речеме Струмица нема да гласа, ќе поставиме такви услови да нивните гласови или неважат или да не се гласа во Струмица. Тоа е основата на проблемот, да имаше победа СДСМ во дијаспората, таа немаше  да биде предмет на расправа, рече Груевски.

Премиерот нагласи дека луѓето се “криви“ во дијаспората затоа што го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ, односно политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

-Она што исто така е значајно, ај што побараа да имало одерден број на минимум гласови што ќе гласаат за еден пратеник, што е комплицирана работа. Вие знаете, јас и Заев гласаме или во нашата улица или во соседната улица, но некој во Америка, во Австралија, во Канада, во Европа треба да патува во најдобар случај 15 до 20 километри, во најчести случаи 50 до 100 километри, некои 300 до 400 километри, а некои 1000 километри. Нормално е дека таму ќе има помала излезност и нормално таму условите треба да бидат полесни. Но, еве ние за да бидеме конструктивни и да не дозволиме да бидеме виновници за оваа работа се согласивме да се утврди некоја бројка минимална, со која ќе гласа дијаспората односно минимум број на гласови за избор на пратник. Е сега бараат за дијаспората да треба да има повеќе гласови, на пример од 6 ИЕ во Македонија.  Сега тие го наметнуваат просекот за избор на пратеник, што значи дека дијаспората ќе треба со патување по 500 или илјада километри да освои повеќе гласови од на пример 5 или 6 ИЕ во Македонија за да освои еден пратеник, вели Груевски.

Тој додава дека тоа е некоректно и порачува до СДСМ да не глумат дека не биле против дијаспората да гласа.

-Се прават дијаспората да не гласа и тоа е само затоа што дијаспората не ги поддржува нивните политики. Тоа се виде на претходните избори.  Со такви апсурди се соочуваме, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top