Премиерот Никола Груевски најави изградба на нов студентски дом и забрзано реновирање на домот „Гоце Делчев“.
-Денеска веќе се презедоа активности околу поплавата во Студентскиот домот „Гоце Делчев“. Во Владата донесовме одлука да се изгради нов студентски дом. Досега изградивме нови, а останатите се комплетно реновирани, а сакам да нагласам дека за време на СДСМ ништо не се поправаше. Планираме да почнеме со градба на нов студентски дом во моментов размислуваме за локацијата на новиот дом дали тој да биде во Центар, Гази баба, Ѓорче Петров, па најверојатно за десет дена ќе ја имаме нова локација.
Груевски рече постоечките студентски домови кои се реновирани се реновирани од оваа влада, а се изградени и нови. Груевски вели дека има реновирање во СД Кузман и СД Гоце Делчев.
-Се што е реновирано или изградено од ново е откако ВМРО –ДПМНЕ е на власт. Планираме да почнеме подготовки за градба на нов студентски дом кој би сместил од 5000 до 1000 лица зависно од потребите. Размислуваме за локацијата каде ќе биде. Разгледуваме варијанти во Центар, Гази Баба, Ѓорче, во наредните десеттина дена би требало да ја одредиме точната локација, рече Груевски.
Премиерот нагласи дека размислуваат како да најдат начин ако е можно да се забрза реновирањето на „Гоце Делчев“ кое што е започнато.
-Јас се сеќавам токму во гостување на оваа телевизија најавив дека ќе има реновирање, тоа и се случи. По мојата најава владата ја донесе одлуката, се отвори тендер за проект за реновирање, се направи, се отвори тендер за изградба и започна изградбата по блокови. Се почна со реновирање од блокот Б кој беше во најлоша состојба. Завршено е реновирањето на овој блок, се чека внесувањето на новиот мебел. За еден месец, сите оние кои се од блокот А ќе се вселат во блокот Б за да почне реновирањето на блокот А. Остануваат двата други блока В и Г , ќе треба најмалку уште една година, можеби и повеќе. Од тие причини бараме начин како да се забрза сето тоа. Нашето ветување како што беше си тече. Ќе видиме како ќе се најде начин за да се забрза, имаме разни варијанти, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Борисов Гоце е Бугарин: Прво со Заев отидовме на гробот на нашиот светец и херој Делчев, сега тој е тука!
-
Одбележани 115 години од смртта на Делчев: Владина делегација положи цвеќе на гробот на великанот
-
Во Макекдонија се одбележуваат 115 години од смртта на Гоце Делчев
-
Потресни сведочења од студентскиот дом „Стив Наумов“: Синоќа непознати лица се обиделе да влезат во собите