Полната куќа од реалното шоу на „Големиот брат“ брзо почна да се празни.
Тајната соба е откриена и сите учесници се под надзорот на будното око на публиката во регионот и „Големиот брат“.
Синоќа се случија нови излегувања, а исфрлена од куќата беше Весна.
Меѓутоа, она што е сигурно е дека најбезбеден во куќата до самиот крај е нашиот Дарко Спејко.
Деновиве една од учесничките гласно се обрати кон македонската публика дека Дарко е единствениот што ја заслужува победата, бидејќи е искрен, карактерен, смирен и комуникативен со сите, тој е добар човек.
Во обраќањето вели дека македонците треба да добијат намалување на сметките за телефон за да може повеќе да се гласа за кумановецот Дарко Спејко.
Како што засега стојат работите, нема да биде изненадување ако шармантниот Македонец биде победник.
На официјаната страница на „Големиот брат“ на Фејсбук може да се прочитаат доста коментари на бројна публика од регионот која едногласно го дели мислењето дека нашиот Дарко е најдобриот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Имаа секс во Големиот брат, раскинаа, а сега пак се заедно и ќе прават свадба
-
Првата жртва на ријалити програмите: Прво ја уби мајка си, сега се изживува врз бабата
-
„Палимо“ ќе ве запали: Спејко рапува, па растура (ВИДЕО)
-
Седум години подоцна: Се сеќавате на близначките Кики и Вики од Големиот Брат, а ќе се изненадите кога ќе видите како денес изгледа Карло (фото)