| четврток, 6 декември 2018 |

Обединети и интегрирани – конгрес на Македонците од Албанија

Денеска на конгрес, под мотото „Обединети и интегрирани“, во Тирана се собраа 140 делегати, претставници на македонските здруженија од Албанија и од Гора. Ова е историски ден за нашинците во Албанија. Македонското малцинство кое во соседната држава нема право ниту на образование на мајчин јазик и се радува кога ќе им ги вратат двојазичните табли со топонимите на населените места.Тоа е нешто што постоело уште во времето на диктатурата на Енвер Хоџа, а било забрането од власите на земјата – членка на НАТО и претендент за членка на Европската унија.
544521_10200971634115881_185930651_n
На конгресот се присутни гости од ОБСЕ, од влашката и ромската партија во Албанија, не се појавија претставниците на Грците и на Србите кои испратија писмена поддршка. Присутни се и амбасадорот на Македонија во Албанија,  претставници на Светскиот македонски конгрес, Македонската алијанса од Македонија, како и други претставници од цела Албанија, Македонија, Бугарија и Грција.

Имаме историска обврска на стогодишнината од поделбата на Македонија да се обединиме и затоа од присутните претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров побара надминување на личните суети и обединување на сите политички сили во Албанија во пресрет на јунските избори. Лидерот на Македонската алијанса која е дел од македонската владејачка коалиција Ѓорѓија Џорџ Атанасовски побара Македонците во Албанија да гласаат и да членуваат за својата партија и да не ги даваат гласовите за демократите или социјалистите.

kongres5

Направено е многу но, има уште многу да се направи за да Македонците живеат по европски стандарди, порача македонскиот амбасадор во Албанија.

Македонија и Албанија треба да потпишат договор за мир и пријателство, изјави единствениот кандидат за претседател на Македонската алијанса за европска интеграција кој ги прифати сугестиите од спротивставените фракции во партијата кои иако досега беа во внатрепартиски конфликт и денеска му ја дадоа поддршката на Едмонд Темелко, кој едногласно беше избран за старо нов лидер до 2017 година.
kongres2
Го поздравивме празнувањето за 100 години од албанската држава но остро се противиме на изјавите на албанскиот премиер Сали Бериша кој тогаш  побара унификација на сите албански територии. Македонија никогаш не била окупатор на Албанија, порача Темелко кој побара Македонците во јуни да гласаат за себе и за своите права.
kongres3
Споменувањето на Сали Бериша во негативен контекст е најава дека Македонците во Албанија на јунските избори би можеле да влезат во коалиција со Социјалистите на Еди Рама но, конечната одлука ќе ја донесе попладнево новото раководство на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top