Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот празник 11 Октомври – Денот на народното ослободително востание.
– Ова е денот кога го празнуваме револуционерното дело и кога ги славиме и се поклонуваме на храброста и пожртвуваноста на македонските синови кои пред 74 години обединети се кренаа и ја започнаа битката за конечно ослободување и создавање на нашата татковина. Тоа беше продолжение на вековната битка на генерации храбри Македонци кои ги положуваа своите животи за слободна Македонија, се наведува во честитката.
Во неа се додава дека ова е денот кога нивниот сон, стана јаве и ние денес го живееме. – Затоа, ова е денот кога го славиме нивното дело и саможртва и се присетуваме на македонскиот непокор кој и во најтешките мигови од нашата историја не не напуштил, посочуваат од пратеничката група во честитката.
Додаваат дека аманетот кој ни го оставија наштите предци и до ден денес се уште гори во секој од нас. – Ние, истакнуваат, ќе продолжиме да чекориме по нивниот пат и ќе го продолжиме нивното дело, но само ако сплотени, единствени и заеднички се бориме за нашата татковина, за нејзиниот напредок и просперитет, ќе успееме во намерата кон остварување на целите на сите оние кои ги жртвуваа своите животи за нашата слобода во слободна и независна Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…