| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателски избори во Белорусија

belorusija
На повеќе д 6.000 избирачки места, што утрово се отворени во Белорусија, речиси седум милиони избирачи ќе гласаат за идниот шеф на државата.
Гласачите ќе избираат меѓу четворица кандидати, а актуелниот претседател Александар Лукашенко се бори за петтиот мандат.

Покрај Лукашенко, кој 21 година е на власт, кандидати се и лидерот на Либерално-демократската партија Сергеј Гајдукевич, лидерот на Белоруската патриотска партија и врховен атаман на белоруските козаци Николај Уланович и активистката на кампањата „Зборувај ја вистината“ Татјана Короткевич.

Лукашенко, кој е фаворит според анкетите, за претседател на Белорусија беше избран во 1994, во 2001 во 2006 и во 2010 година.

Граѓаните имаат можност да гласаат и против сите кандидати. Избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот по локално време, а прелиминарните резултати можат да бидат познати во текот на ноќта меѓу недела и понеделник. Изборите ги следат 928 странски набљудувачи од кои 344 од Бирото на ОБСЕ за демократски институции и човекови права(ОДИХР), 387 од Заедницата на независни држави, 68 од Парламентарното собрание на ОБСЕ и седум од Шангајската организација за соработка. Изборите ги следат и 940 локални и странски новинари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top