Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Пожаране и Крушево.
Според мерењата на УХРМ, во Пожаране се наврнати 100 литри на метар квадратен, во Крушево 99, следат Охрид со 90, Претор со 87, Тополчани и Тетово со 82, Ѓуришпте и Прилеп 78, Гевгелија со 77, Скопје 71, Маврово и Берово со 70, Куманово и Лазарополе со 69, Крива Паланка со 68, Виница со 63, Штип и Струмица 60, Дојран 58, Битола 52, Пожар 44 и Демир Капија 34 литри на метар квадратен.
Времето денеска е облачно со повремен слаб до умерен дожд почест во западните делови од земјава. Дува умерен југоисточен ветер кој на југот и вдолж Повардарието повремено ќе засилува.
Температурата се движи од 16 до 21 степен.
Во Скопје слично време, облачно со повремен слаб до умерен дожд и со умерен југоисточен правец и со температура до 19 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.