Преработувачите на нафта во Европа оваа деценија ќе затворат 10 отсто од рафинериите, бидејќи побарувачката на гориво го достигна минимумот во последните 19 години.
Од вкупно 104 постројки, десет ќе бидат засекогаш затворени до 2020 година, и тоа од Франција преку Италија до Чешка, покажува анкетата на агенцијата Блумберг, во која учествувале шест директори на европски рафинерии.
Потрошувачката на нафта се намалува петта година по ред и го достигна најниското ниво од 1994 година, проценува Меѓународната агенција за енергетика. Две третини од европските рафинерии забележале загуби во 2011 година, покажуваат податоците на „Есал Енерџи Плц“, сопственик на втората по големина британска рафинерија.
Преработувачките маржи се намалиле овој месец на само седум долари, додека во 2008 година изнесувале околу 20 долари за барел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


