| четврток, 6 декември 2018 |

Шест лица повредени во три сообраќајќи во тетовско

Шест лица се повредени во три сообраќајни несреќи што се случија ноќеска за помалку од два часа во тетовско.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека првата сообраќајка со две повредени лица се случила околу 19 часот на улицата „167“ откако „голф“ со тетовски таблички налетал удрил во 27-годишниот М.Б. и неговиот едногодишен син при што им нанел телесни повреди. Таткото и синот се префрлени во тетовската Клиничка болница каде по укажаната помош се задржани за натамошно лекување. Увид на местото од сообраќајката извршила екипа на СВР Тетово и според првичните информации причина за несреќата е неприлагодена брзина на возилото според условите на патот.

Втората сообраќајка се случила на наплатната рампа кај Тетово на автопатот Гостивар Тетово околу 20:45 часот кога се судриле автомобил „фијат браво“ управувано од Т.З.(54) и товарно моторно возило „ивеко“ со скопски таблички управувано од К.Н.(51). Во несреќата тетовецот се здобил со телесни повреди и е пренесен во тетовската болница каде по укажаната помош е пуштен на домашно лекување. Според првичните податоци, причина за сообраќајката е тоа што тетовецот возел под дејство на алхокол. Кај него се измерени 2,17 промили алкохол во крвта.

Третата собраќајка се случила околу 20:45 часот на излезот од Тетово кон Скопје кога се судриле автомобил „венто“ со тетовски таблички управувано од Ф.И.(27) и влекач со полуприколка „волво“ со гевгелиски таблички управуван од А.Ц.(26) од Богданци. Притоа возачот на автомобилот и сопатникот Н.Х.(46), како и сопатничката Р.Е.(26) од Скопје се задобиле телесни повреди. Тројцата се префрлени во тетовската Клиничка болница каде по укажаната помош Ф.И. и сопатникот Н.Х. се пуштени на домашно лекување, додека Р.Е. е задржана за натамошно лекување. Причина за несреќата е непочитување првенство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top