| четврток, 6 декември 2018 |

Свечена академија по повод 11 Октомври

По повод 11 Октомври – Ден на народното востание, денеска ќе се одржи Свечена академија под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

На академијата е поканет државниот врв на Република Македонија, министри, пратеницина Собранието на Република Македонија, дипломатскиот кор во Република Македонија, како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и економскиот живот.

Свечената академија ќе се одржи во Македонскиот народен театар со почеток во 13 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top