Прашање е дали ќерките на познатите холивудски актерки и пејачки некогаш ќе успеат да ги надминат славните кариери на нивните мајки, но во едно имале среќа – да ја наследат нивната убавина. Не само што се убави, туку некои од нив како да го позајмиле ликот на своите мајки.
Светот без Синди Крафорд би предизвикал тага кај многу мажи, но за среќа тука е нејзината наследничка. Каја, ќерката на Синди Крафорд, тргнала по стапките на нејзината мајка и потпиша договор со една моделинг агенција.
Уште еден модел Кристи Бринкли има своја копија, ќерката Сејлор Бринкли. Таа е, како и нејзината мајка, модел па уште долго нема да ја заборавиме долгата руса, брановидна коса, сините очи и бисерната насмевка.
Сури Круз ќерката на Кети Холмс, не само што е идентична со нејзината мајка, туку има и исти интереси. Двете обожуваат мода.
Бистри, сини очи, светла, беспрекорна кожа и силно чувство за индивидуалност укажуваат дека Шајло Пир е “слика и прилика“ на својата мајка Анџелина Џоли.
Кејт Хадсон е една од оние актерки кои слободно може да се пофалат дека не останала во сенката на славните родители. Тргна по стапките на својата мајка Голди Хон и според успешноста ја следи нејзината кариера.
Пејачката Џесика Симпсон има ќерка која иако ги нема костенливите очи како мајка и, презема се друго од неа. Максвел Дру има златна коса и обожува да се дотерува.
Иако Гвинет Палтроу ретко објавува фотографии на социјалните мрежи, имаме среќа да ја видиме оваа со нејзината ќерка Епл. Ако цениме според очите, носот и образите кои изгледаат како копирани можеме да заклучиме дека имаат многу сличности.
Ева, ќерката на Риси Витерспун, би можела да глуми во некој од продолженијата на “Правничка русокоса“, а никој да не забележи дека не е во прашање оригиналот. Нејзините сини очи, невообичаената брада на Риси се наоѓаат на лицето на Ева.
Румор Вилис , ќерката на Брус Вилис и Деми Мур, се обдиува да се пробие во светот на актерството, а доколку генетски материјал единствениот услов за успешност, нејзиниот е повеќе од совршен. Изгледот кој го наследила од својата мајка нема да и одмогне на нејзиниот пат.
Лори Лодлин би можела да помине како трета сестра на нејзините ќерки тинејџерки, Оливија и Изабел. Таа и самата кажала дека се труди да им биде пријателка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прегрнати со баба им и дедо им: Пронајдени мртви двете мали близначки
-
Сестри близначки се спасиле од пожарот, но потоа им се губи трагата: Таткото преку медиуми моли за помош
-
Близначките покажаа како „Дура челинџ“ се прави професионално (видео)
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија