| четврток, 6 декември 2018 |

Спасов: Бројот на приматели на социјална помош преполовен од 2006 година

dime

Од околу 60 илјади приматели на социјална помош во 2006 година, сега тој број во Македонија изнесува 30 илјади, информира министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Велес.

– Намалување на бројката е резултат на мерките и политиките на Владата на Република Македонија за зголемување на бројот на работни места, за привлекување на странски инвестиции и на активните мерки за вработување- рече Спасов.

Тој потсети дека токму преку проектот „Македонија вработува“ им се овозможува значителна поволност на приватните компании, доколку вработат лица со посебни потреби. Притоа имаат можност да бидат ослободени од социјалните придонеси.

– Тоа е многу важно за  овие лица со посебни потреби, како и за компаниите- истакна министерот  Спасов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top