| четврток, 6 декември 2018 |

Рацај: АРМ секогаш подготвена да одговори на сите поставени задачи

­ АРМ е секогаш подготвена да одговори на сите поставени задачи и предизвици од нашите претпоставени, истакна денеска генерал мајор и заменик на началникот на Генералштабот на АРМ Мухамет Рацај, на денот за високи гости на вежбата „Македонски блесок 2015″ на армискиот полигон Криволак.

арм

– Вежбата успешно е завршена и остварена е главната цел, а тоа е оценување на декларираните единици на армијата на Македонија, четата на воената полиција и ренџерската чета од полкот за специјални операции, за извршување на наменските задачи според стандардите на здружено кооперативната командна на НАТО, рече Рацај и додаде дека по 11. пат АРМ докажа дека единиците се подготвени по стандардите на НАТО.

Подготвеноста за борбената готовност на АРМ според концептот за оперативните способности на НАТО ја оценуваа домашни и странски оценувачи од неколку земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top