| четврток, 6 декември 2018 |

Салата Длаборез во Собранието (фото)

rezbaИсторија, традиција, Македонија… Ова е најрепрезентативната и една од најубавите простории во Македонија, во која на гости биле стотици луѓе од светот. Салата Длаборез во Собранието е комплетно обложена со ореово дрвоподелени на геометриски полиња, каде се аплицирани во резба различни геометриски, вегетабилни и зооморфни стилизирани мотиви, втемелени на народната уметност и традиција.

Оваа просторија, сега е дел од Кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а претходно и на поранешните претседатели на Македонија Бранко Црвенковски, Борис Трајковски и Киро Глигоров.

sobranie (1)

Првпат по 1938 година, кога се завршени работите во оваа Сала во резба, се изведуваат конзерваторски работи и тоа во рамките на реконструкцијата, адаптацијата, надградбата и доградбата на Собранието.

Зградата на Собранието на Република Македонија е една од најмонументалните градби во Република Македонија, за која во 1930 година бил распишан и конкурс за проектирање, а изградена е во 1938 година по проект на чешкиот архитект Виктор Ј. Худак. Од вградената орнаментална содржина, најинтересен дел е обработката на кабинетите и ентериерот, проектирани-дизајнирани од Драгутин Инкриостри (1935-1937).

sala

– Оваа сала е работена цели три години. Изработена од екипата на Глиша Костовски, тој е од Тетово и е познат наш столар и резбар, кој со својата тајфа изработил нацрт-идејно решение на познатиот архитект Драгутин Медењак Инкриостри, и многу складно ја подготвил и комплетно ја исцртал оваа композиција. Композицијата се состои од таваница, со флорални елементи и геометриски фигури… Панелни површини на ѕидовите со украси од декоративни ламби и преубав паркет изработен во интарзија. Композицијата е целосно складна и совршено изведена од столарската тајфа на Костовски, изјавува за Курир, Лилјана Ковачевска, виш конзерватор од Музејот на Македонија и раководител на петчлениот тим лиценцирани конзерватори.

drvo

Тимот конзерватори ќе работат на конзервација на салата Длаборез меѓу еден и два месеци.

– Ова ќе биде првпат изведување на вакво чистење на оваа просторија, а особено е битна, затоа што е една единствена и уникатна и треба да ја сочуваме. Тоа е еден спомен на старата наша традиција кога резбата во еден период била украс во нашите домови ќе остане спомен за едни идни генерации, изјави Ковачевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top