| четврток, 6 декември 2018 |

Подари орган спаси живот – Европски ден на дарувањето органи

Европскиот ден на дарувањето органи се одбележува втората сабота од октомври во земјите-членки на Европската унија веќе 17 година по ред.

Во Македонија Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ овој ден го одбележува по четврти пат, со цел да ја пренесе и прошири пораката значајна за сите нас: Со дарување на орган (дел од себе) спасувате друг живот и дарувате нов живот. Подари орган — спаси живот!

Дарителството на органи е највисок чин на човекољубие и заслужува да се најде на врвно место во хуманоста. Секој ден може да биде ден на дарување, но денот кога дарувате орган е денот кога вашата хуманост нема граници и со тоа подарувајќи дел од себе -подарувате некому нов живот.

Многу земји имаат свои национални денови за дарување органи. На тие денови земјите  и организациите што со тоа се занимаваат посветуваат посебна благодарност и внимание на тие што решиле да направат таков чекор, без разлика дали веќе донирале орган или се изјасниле за дарување по смртта.

Утре  Здружението „Нефрон“ симболично ќе го одбележи Денот на дарувањето органи во Р.Македонија со прес-конференција на која ќе учествуваат претаставници на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување на Р.Македонија, Клиниките за нефрологија, Урологија,КАРИЛ, пациенти и дарители.

Со поддршка на Министерството за здравство и на Институтот за јавно здравство ќе се печати едукативен леток на македонски и на албански јазик, кој ќе биде дистрибуиран низ Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top