Дали личноста која што сте ја сретнале е вашата сродна душа или во неа никогаш нема да се вљубите, може да знаете по само четири секунди. А доколку сакате вие да му се допаднете некому, имате најмногу четири секунди тоа да го постигнете. Ова го тврдат научници, кои сметаат дека привлечноста и освојувањето повеќе зависат од невербалното однесување и тонот на говор, отколку од содржината на изговореното.
Кога зборуваат за љубов, експертите се повикуваат на правила до кои имаат дојдено со истражување. Тие врз основа на истражувањето дошле до заклучок дека галењето (уживањето) создава супстанца окситоцин, која е природен лек против болки, а пред се против мигрена. Нејзиното дејство трае четири часа.
Иако звучи како обична фраза, но срцето навистина може да биде скршено после раскинувањето на врската. Губењето на саканата личност доведува до физичка болка во областа на овој мускул, што во медицината се вика „синдром на скршено срце“. Почесто ги погодува жените отколку мажите и може погрешно да се дијагностицира како срцев удар.
Научните студии покажуваат и дека поголемата количина на сало околу машкиот стомак укажува на ниско ниво на тестостерон, помала сексуална желба и помала плодност, па од таа причина повеќето жени имаат отпор кон вакви личности. А тоа што мажите ги привлекуваат девојки со слична градба односно структура на коските како нивните мајки, во психологијата се вика „сексуален отисок“ или „импринт“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.