Сите ги сакаат филмовите на Дизни. Голем број на приказни влијаеле на многумина деца, но, како што веројатно знаете, поголем број од нив биле инспирирани од многу постари приказни. Тие оригинални приказни, иако полни со магија, принцези и со чудни суштества, не се наменети за децата. Тие се многу, многу потемни од што можете да замислите, а нивниот крај често не е среќен како што го претставил Дизни. Еве неколку примери на бруталност на оригиналните бајки.
Заспаната убавица
Дизни овој класик го направил така што бакнежот на принцот Филип ја буди заспаната принцеза Аурора со што се разбива клетвата и тие живеат среќно до крајот на животот.
Вистинскиот крај на оваа приказна е многу пострашен. Додека спие под нејзината клетва, Аурора место принц ја пронаоѓа некој благородник, ја силува и продолжува по својот пат. Принцезата се буди по девет месеци, бремена, пред пораѓање и нема поим што ѝ се случило.
Снежана и седумте џуџиња
Во верзијата на Дизни , лошата кралица умира така што паѓа во амбис, што е релативно на насилна смрт, но ни приближно до крајот на кој браќата Грим го смислиле за вештерката. Во нивната приказна таа е принудена да игра во чевли од челик полни со жар се додека не падне мртва.
Пинокио
Во приказната на Дизни за куклата што станува момче, Пиниокио има помош од штурецот Џими, кој го советува во различни ситуации. Во оригиналот, кога ќе се појави штурецот што зборува, Пинокио го убива на со чекан, а тогаш го прогонува неговиот дух.
Принцезата и жабата
Има повеќе верзии на оваа приказна, кои вклучуваат разни методи за претворање на жабата во принц: сечење на главата, палење на живо, удирање на жабата од ѕид сè додека не се претвори во принц. Среќа за жабата што Дизни реши ова да биде бакнеж.
Пепелашка
Мала сирена
Вистинската мала сирена воопшто никогаш не завршила со принцот. Тој се жени за друга, а таа од тага се претвора во морска пена. Исто така, нејзината трансформација од сирена во човечко суштество е многу болна – секој чекор што ќе го направи и задава болки како некој да ѝ забива нож во стапалата.
Жал ни е ако ви ги скршивме илузиите од детството, но овие приказни се вистински и се напишани пред повеќе стотини години. Тоа се фасцинантни делови од историјата што живеат со векови, а продукцијата на Дизни овозможила никогаш да не се заборават. Секако, во нивна ублажена и многу поубава верзија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.