| четврток, 6 декември 2018 |

Вре­ме е за есен­ски ман­ти­ли

Кла­сич­ни­те ман­ти­ли ни­ко­гаш не из­лег­ле од мо­да и се но­сат во се­ко­ја си­ту­а­ци­ја. До­бро се вкло­пу­ва­ат во се­ко­ја мод­на ком­би­на­ци­ја, а мо­же да би­дат во раз­лич­ни об­ли­ци, дол­жи­ни и кро­е­ви

Есен­ски­те ман­ти­ли се од­лич­но пар­че гар­де­ро­ба со кое мо­же да се истак­нат пред­но­сти­те, а да се со­кри­јат не­до­ста­то­ци­те. Ман­ти­лот е од­ли­чен за но­се­ње врз фу­ста­ни, здол­ни­шта и врз пан­та­ло­ни. Кла­сич­ни­те ман­ти­ли ни­ко­гаш не из­лег­ле од мо­да и се но­сат во се­ко­ја си­ту­а­ци­ја. До­бро се вкло­пу­ва­ат во се­ко­ја мод­на ком­би­на­ци­ја, а мо­же да би­дат во раз­лич­ни об­ли­ци, дол­жи­ни и кро­е­ви.

Ко­га ќе трг­не­те да ку­пи­те ман­тил, мо­ра да вни­ма­ва­те тој да при­ле­га на ва­ша­та град­ба, а не да се по­ве­ду­ва­те од мо­мент­ни­те трен­до­ви. Ова е пар­че об­ле­ка што овоз­мо­жу­ва не­о­гра­ни­че­но ком­би­ни­ра­ње и из­бор, а во се­ко­ја ком­би­на­ци­ја мо­же да изг­ле­да­те пре­фи­не­то и еле­гант­но. Ко­га ста­ну­ва збор за бо­и­те, по­пу­лар­ни се по­мал­ку впе­чат­ли­ви бои, од­нос­но свет­ли бои ка­ко беж, крем, бе­ла, но не изо­ста­ну­ва­ат ни­ту тем­но­си­ни­те и цр­ни ни­јан­си. Ако од­бе­ре­те кла­си­чен мо­дел во беж бо­ја не­ма да згре­ши­те. По­себ­на но­та на вкуп­ни­от изг­лед ќе му да­дат не­кои впе­чат­ли­ви де­та­ли или чев­ли на ви­со­ки пот­пе­ти­ци.

92bc0a4abc6c6df4b19dafa07453de45
Ман­ти­ли­те за дожд на­ста­на­ле при кра­јот на 19. век и слу­же­ле ка­ко об­ле­ка за фран­цу­ски­те и за анг­ли­ски­те вој­ни­ци. Де­нес тие се ед­ни од оми­ле­ни­те жен­ски пар­чи­ња об­ле­ка.

expensive-trenchs

За пос­ме­ли­те се пре­по­ра­чу­ва­ат си­на­та, жол­та­та и цр­ве­на­та бо­ја, ка­ко и мо­де­ли­те со раз­лич­ни де­зе­ни. Иде­ал­но од­го­ва­ра­ат со чиз­ми, а мо­же да се ком­би­ни­ра­ат и со убав ча­дор, кој по­крај тоа што има пра­ктич­на на­ме­на за дожд­ли­во­то вре­ме, прет­ста­ву­ва и од­ли­чен мо­ден до­да­ток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top