| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнисинсајдер: Македонија на прво место во светот по ниски даноци

данок
Кога избираат место за развој на нивниот бизнис, меѓународните компании обрнуваат сериозно внимание на даночните стапки во различни земји. Владите често се натпреваруваат да ги истакнуваат конкурентните предности со ниските даноци.

Во својот извештај за глобалната конкурентност Светскиот економски форум го користи терминот “total tax rate” (заедничка даночна стапка) како една од мерките на конкурентноста на дадена држава.

Светската банка дури дава дефиниција на терминот “total tax rate”. Ова е вкупниот збир од 5 различни видови даноци, такси и придонеси по сметководство на одбивања и ослободувања од такси: добивка или доход; социално осигурување платено од работодавачот; имотни даноци и такси; даноци на промет и други даноци.

Ова се земјите со најниски даноци во светот:

1. Македонија – 7,4 отсто

2. Катар – 11,3 отсто

3. Кувајт – 12,8 отсто

4. Бахреин – 13,5 отсто

5. Лесото – 13,6 отсто

6. Саудиска Арабија – 14,5 отсто

7. Замбија – 14,8 отсто

8. ОАЕ – 14,8 отсто

9. Грузија – 16,4 отсто

10. Сингапур – 18,4 отсто

11. Хрватска – 18,8 отсто

12. Луксембург – 20,2 отсто

13. Ерменија – 20,4 отсто

14. Намибија – 20,7 отсто

15. Камбоџа – 21 отсто

16. Канада – 21 отсто

17. Црна Гора – 22,3 отсто

18. Хонг Конг – 22,8 отсто
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top