Европа мора да ги подобри врските со Русија и не смее да дозволи за тоа да решава Вашингтон, изјави денеска претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.
ЕУ минатата година се приклучи кон САД во воведувањето санкции кон Москва по спојувањето на Крим со Русија, а санкциите беа дополнително заострени по интензивирање на судирите во источна Украина.
Врските меѓу Москва и Западот дополнително се ослабнати, откако претседателот на Русија Владимир Путин почна со бомбардирање во Сирија.
Москва тврди дека нејзините авиони гаѓаат цели на Исламска држава, додека Западот верува дека цел се противниците на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Јункер нагласува дека тензиите мораат да бидат ублажени, иако тој став не е сосема популарен.
– Мораме да направиме напори за да оствариме практични односи со Русија. Тоа, можеби, не звучи привлечно, но тоа мора да се направи, вака не можеме понатаму – изјави претседателот на ЕК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



