Првиот од двата концерта на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, кој на 7 октомври се одржа во престижната концертна сала „Меркин“ во реномираниот центар за изведувачки уметности „Кауфман“ во Њујорк, беше поздравен со бурен аплауз и овации… Оркестарот настапи заедно со кларинетистот Исмаил Лумановски, кој веќе 12 години настапува во САД и ѝ е добро познат на американската публика, изведувајќи дела од Гоце Коларовски, Хасан Тура и Бела Барток.
– Сакам да им се заблагодарам на колегите, на музичарите. Навистина изгореа на сцена вечерва, го дадоа својот максимум. Тоа го покажа и публиката. Јас сум многу, многу задоволен – изјави диригентот Борјан Цанев.
– Имам настапувано многупати во „Меркин хол“ со различни ансамбли како солист. Но, вечерва беше многу важна и многу специјална вечер за мене, поради тоа што за првпат настапував со мој тим, со македонскиот камерен оркестар, со маестро Борјан Цанев. Навистина сум многу горд на ова – додаде Лумановски за „Македонската телевизија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Авангардни патишта“ – концерт на Дејв Вилсон и Ричард Валитуто
-
Музика од научнофантастични филмови со Македонската филхармонија
-
Овој четврток: Врвниот тромбонист Џозеф Алези со Македонската филхармонија на симфонискиот концерт „Руска игра“
-
Бетовеновата „Деветта“ утре во Македонска филхармонија под диригентската палка на Густав Кун