| четврток, 6 декември 2018 |

САД пренеле чешки ураниум во Русија

nuklearСАД заедно со сојузниците безбедно отстраниле 68 килограми високо збогатен ураниум од Чешка, информираа медиумите повикувајќи се на американскиот Национален совет за безбедност. Материјалот, доволен за две нуклеарни боеви глави, пред две недели бил префрлен во Русија каде ќе се употреби како гориво за нуклеарните реактори.

Според претседателката на чешкиот Државен завод за нуклеарна безбедност, Дана Драбкова се работело за материјал од експерименталниот реактор „Во Реж“ во близина на Прага.

– Отстранувањето на високо збогатениот ураниум од Чешка е кулминација на неколку годишните напори на американскиот Национален нуклеарен безбедносен орган, на Чешкиот институт за нуклеарни истражувања, руската Сојузна агенција за атомска енергија и Меѓународната агенција за атомска енергија, се вели во соопштението на Белата куќа, истовремено изразувајќи благодарност на партнерите и чешката и руската Влада за нивната соработка.

Според САД, Чешка е десетта земји од која откако стапи на функцијата претседателот Барак Обама е отстрането целото количество на високо збогатен ураниум. Пред четири години, на 5 април 2009 година, токму во Прага, американскиот претседател Обама ја најави неговата цел за ослободување на светот од нуклеарното оружје.

Покрај Чешка, збогатен ураниум во Русија враќаат и Србија, Романија, Бугарија, Либија, Узбекистан, Полска, Германија, Латвија и Виетнам. Во 2010 година, на Самитот за нуклеарна безбедност, претставници на 47 земји се согласија дека во рок од четири години ќе ги обезбедат сите опасни нуклеарни материјали да не можат да дојдат во рацете на терористите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top