Србија забележа вредна победа со два гола во судиското продолжение на мечот со Албанија, за студен туш на „Елбасан арена“ во Елбасан.
Коларов во 91. минута и Љајиќ во 94 минута беа прецизни за слатка победа на Србија на меч кој најави многу тензија и непријателство, но мина во мирна атмосфера и коректен однос на теренот. Србија нема шанса за пласман на ЕП, но го загрози историскиот прв настап на Албанците на континенталните шампионати. Албанија ќе мора да ја победи Ерменија на гости во поселдниот меч за да има сигурно учество на турнирот во Франција идната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.