За преименување на плоштадот, Советот со мнозинство присутни советници ќе носи одлука при што ќе води сметка за почитување на правилото за бадинтеровото мнозинство.
Тоа значи дека припадниците на етничките заедници, најмалку половина од присутените на седницата ќе треба да се произнесат позитивно за една таква одлука. Претседателот на Советот на општина Куманово, Максим Димитриевски вели дека советниците имаат право да предложат точка на дневен ред на која ќе се дискутира за промена на име на плоштад или улица, но смета дека градот има многу поважни проблеми.
-Согласно деловникот нивното барање ќе биде испочитувано и на една од наредните седници оваа точка ќе биде ставена на изјаснување пред советниците. Првенствено дали тие се согласуваат за една таква точка да се расправа, за тоа одлучува мнозинството во Советот. Сакам да искажам големо лично незадоволство бидејќи Куманово е град кој се дави во проблеми од секаков аспект. Во моментот можеби едно од најмалку важни прашања е како се вика нашиот плоштад, или одредена улица. За жал ние имаме голем број на улици кои се уште немаат имиња ниту пак имаат броеви, тоа се многу сериозни проблеми, за останатите комунални проблеми, за она што значи континуриана блокада од централната власт, овие години ги чувствуваме сите – вели Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.