| четврток, 6 декември 2018 |

Пејачката си ја отворила душата: Бев на хемотерапија, не знаете низ што поминав

596198-selena-gomez

Пејачката Селена Гомез првпат за магазинот Билборд зборувала отворено за својата автоимуна болест.

Таа ги откажала сите концерти на почетокот на 2013 година, кога сите се посомневале дека отишла на некој вид на рехабилитација.

Селена примала хемотерапија и не можела да верува дека во тој момент за неа се пишувало дека е зависничка.

-Паузирав затоа што итно морав да се лечам. Можев да доживеам мозочен удар. Кога слушнав што зборуваат луѓето за мене, имав потреба да има кажам дека немаат ни идеја низ што поминувам, изјавила пејачката.

– Не сакав да се појавувам во јавноста се додека не бев повторно сигурна во себе. Ми требаше време за повторно да се почувствувам удобно во сопствената кожа, објаснила Селена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top