Британската библиотека заедно со универзитетските библиотеките на Кембриџ и на Оксфорд овој викенд почнува проект со кој за идните генерации ќе сочува милијарди веб страници и пораки на Твитер и на Фејсбук.
„Ако сакате да добииете претстава за животот во Велика Британија денеска, мора да погледнете на интернет“, велат од библиотеката.
Всушност проектот почнува ден по смена на прописите за чување на интернет содржини, што пак до сега беше ограничено.
Од Библиотеката жалат бидејќи енормен број дигитален материјал веќе е загубен, на пример за историски моменти како бомбашкиот напад во лондон во 2005, финансиската криз во 2008 или дијамантскиот јубилеј на Кралицата Елизабета Втора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


