Ким Кардашијан секогаш била отворена кога се во прашање нејзините сексуални искуства од младоста. Прифаќајќи го советот на нејзината мајка Крис Џенер да користи антибеби таблети, Ким на мошне рана возраст се впуштила во сексуални односи.
Ким, како што веќе се знае, ја загубила невиноста на 14-годишна возраст, и тоа со едно момче што е мошне познато во Америка. Новата книга „Ким“, која ја напишал Шон Смит, изнесува нови детали за првата љубов на тинејџерката Ким. Во книгата е наведено дека старлетата првиот секс го имала со внукот на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, кој се вика Тито Џои Џексон, односно познат како Ти-Џеј, и дека со него некогаш имала романса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.