Вработен во фирма „Вибе“ вчера vо СВР-Куманово пријавил дека при вршење ископ за пруга во Куманово кон Бедиње-индустриска зона пронајдени се 18 минофрлачки мини, четири зрна од топовска граната, осум запалки за гранати и две противавионски куршуми со потекло од Втората светска војна.
МВР денеска соопшти дека тие се подигнати од страна на Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.