Македонската филхармонија првпат во 71 година постоење синоќа настапи во Њујорк. Нејзиниот камерен оркестар вчера во светската престолнина одржа концерт со класична и популарна музика, на кои како солист настапи Исмаил Лумановски.
Синиќешниот концерт беше прв и се одржа во музичкиот центар „Кауфман“ каде под диригентство на Борјан Цанев настапи кларинетистот Лумановски. Тој потекнува од Македонија и живее во Њујорк каде што има забележителна кариера. Програмата е составена од дела на Бела Барток, Хасан Тура и од македонскиот композитор Гоце Коларовски.
Вториот концерт е вечерва (8 октомври) во престижниот Карнеги хол, каде ќе биде репризиран концертниот проект „Сон. Верба. Љубов“ кој во февруари годинава Филхармонијата го изведе во Македонската опера и балет со нашиот истакнат композитор со њујоршка адреса, Дуке Бојаџиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Авангардни патишта“ – концерт на Дејв Вилсон и Ричард Валитуто
-
Музика од научнофантастични филмови со Македонската филхармонија
-
Овој четврток: Врвниот тромбонист Џозеф Алези со Македонската филхармонија на симфонискиот концерт „Руска игра“
-
Бетовеновата „Деветта“ утре во Македонска филхармонија под диригентската палка на Густав Кун