Почнувајќи од денеска можете виртуелно да го истражувате центарот на Скопје, да шетате низ Битола или да му се восхитувате на Охрид – градот на бисерите со лансирањето на новата „Стрит вју“ (Street View) галерија во Македонија.
Од живописните планински слики од Маврово и Ростуша, до прекрасното Охридско Езеро или Камениот мост во Скопје, 360 панорамските слики ги покажуваат некои од најважните туристички и историски локалитети и природна убавина на земјата.
Македонците како и луѓето од целиот свет може да прават планови за патување, да ги проверат рестораните пред да пристигнат, да договорат место за средба или само да истражуваат и подобро да се запознаат со областа.
-Многу сме возбудени со најавата од „Гугл“ ( Google) да го лансира „Стрит вју“ (Street View) Македонија. Ни претставуваше задоволство да асистираме при собирањето на сликите од Македонија во текот на измината година и со нетрпение очекуваме корисниците на Гугл (Google) од Република Македонија и од целиот свет лесно да се движат низ земјава. Како што туризмот е една од најбрзо растечките економски сектори во Република Македонија и со зголемување на бројот на странските туристи за 16% во 2015 година, очекуваме дека „Гугл Стрит вју“ (Google Street View) ќе придонесе и за културниот, езерскиот, планинскиот, спортскиот, винскиот, археолошкиот, верскиот, руралниот и еко-туризмот, вели Марта Арсовска Томовска, Заменик министер за Информатичко општество и администрација на Република Македонија, вели:
-Доколку ги следите гигантските чекори на новата технологија, тоа во секој случај е добро институционално управување. Сепак, се наметнуваат повеќе одговорности, со оглед на тоа дека се работи за приватност и заштита на податоци и на овој начин имаме предвид преземање на чекор по чекор напори. Ние, како Институција за заштита на податоците сме длабоко убедени дека соработката со ентитети како Гугл во овој сегмент е силно утврдување во градењето на цврст систем за заштита на податоците во земјава, рече Димитар Ѓеорѓиевски, Директор на Дирекција за заштита на личните податоци
Локалните бизниси, исто така може да имаат корист од „Стрит вју“ (Street View) технологијата со бесплатно вградување на „Гугл Мапс“ (Google Maps) директно во нивниот веб-сајт, помагајќи им да промовираат сместувачки опции или да информираат за рестораните, туристичките места и точки со историско и културно значење.
За повеќе информации за Street View и како може да се користи за рекреативни и деловни цели ве молиме посетете ги линковите: https://www.google.mk/maps/about/behind-the-scenes/streetview/privacy/ и https://www.google.mk/maps/about/behind-the-scenes/streetview/
Во областите каде што „Стрит вју“ (Street View) е достапен, можете да пристапите до поглед на ниво на улицата со зумирање на најниско ниво на „Гугл мапс“ (Google Maps) и кликнување на сликата „Стрит вју“ (Street View) на левата страна под полето за пребарување или со влечење на портокаловиот симбол ‘Pegman’ фигура, за да бидете пренасочени кон ниво на улицата.
Гугл (Google) ќе направи се за да се заштити приватноста додека им овозможува на сите корисници да имаат корист од оваа функција. Како и со сите „Стрит вју“ (Street View) слики, пред објавувањето на Гугл (Google), ќе се применува заматување на лицата и регистарските таблички на сите слики, со цел да се заштити приватноста на луѓето. Откако сликите се достапни, луѓето ќе бидат во можност да пријавуваат слики за понатамошно замаглување со кликнување на ‘пријавете проблем’ на долниот лев агол на сликата. Потоа тие пополнуваат краток формулар каде ја посочуваат точната слика која треба да биде замаглена.
Гугл (Google) е водечка глобална технолошка компанија чија цел е подобрување на начинот на кој што луѓето пребаруваат информации. Иновациите на Гугл (Google) во пребарување на Интернетот и огласувањето го позиционираа како еден од најпрепознатливите брендови во светот, додека тој денес претставува водечки веб поим
За повеќе информации за Google посетете ја страната www.google.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст